Несреќа во рудникот Добрево, повреден еден рудар

Еден рудар бил повреден во несреќата што се случи синоќа кога се запалил трансформатор во една од јамите во пробиштипскиот рудник Добрево. Четириесет и две годишниот рудар Ванчо Гаврилов се здобил со изгореници по лицето и градниот кош. Во Штипската клиничка болница велат дека состојбата на рударот била стабилна и оти тој се наоѓал надвор од животна опасност.