Египет: 24 повредени во меѓуверска престрелка

Најмалку 24 луѓе биле повредени во северен Египет во престрелка меѓу припадници на христијанската и на муслиманската вера. Односите меѓу муслимани и коптите во Египет вообичаено се мирни, но понекогаш, како што јавуваат агенциите, доаѓа до пресметки поради меѓуверски врски или проблеми со земјиштето. Над десет насто од 78 милионската популација во Египет се христијани.