Бомбашки напад во Пакистан, најмалку 13 загинати

Најмалку 13 луѓе загинале, и 50-тина други биле ранети во денешниот напад на бомбаш самоубиец во северозападниот дел на Пакистан. Локалните власти прецизираат дека бомбашот го активирал експлозивот во возилото додека минувал покрај еден контролен пункт во долината Сват. Во овој регион пакистанската војска покрена голема офанзива откако во минатата година пропаднаа мировните преговори со талибанците.