Студентски идеолошки пресметки во Анкара

Триесет и седум студенти се приведени по судирите со полицијата на Универзитетот во Анкара.Кавгата меѓу студенти со левичарски и студенти со десничарски уверувања прераснала во физичка пресметка, по што се вмешале полициските сили за брза реакција. Меѓу приведените има 16 девојки.