Во кинеска зоолошка градина угинаа 11 сибирски тигри

Во зоолошка градина во Лиаонинг, североистична Кина од глад за три месеца умреа 11 сибирски тигри, пишува Чајна Дејли. Тие биле чувани во мали метални кафези и слабо хранети. Во дивината има само околу 300 сибирски тигри.