Турски протест поради шведската резолуција за геноцид врз Ерменците

Турското министерство за надворешни работи му врачи протестна нота на шведскиот амбасадор поради одлуката на шведскиот парламент за признавање на масакрот врз Ерменсците од Отоманска Турција во 1915 како геноцид. Амбасадорот Кристер Апс изјави дека Шведска верува дека историјата треба да им се остави на историчарите и оти Стокхолм сака силни пријателски односи со Турција.