Посмрните останки на екс кипарскиот Претседател вратени во гробот

Посмртните останки на поранешниот кипарски претседател Тасос Пападопулос, кои беа украдени пред три месеци и пронајдени на 8 март, вчера беа повторно вратени во гробницата. Полицијата соопшти дека го уапсила и четвртиот осомничен за кражба на телото. Станува збор за 58-годишен Кипранец, кој денеска треба да се појави пред судот, пренесоа агенциите. Меѓу тројцата претходно уапсени е и 31-годишен емигрант од Индија.