Неформален министерски состанок на ЕУ

Во Финска денеска почнува неформален состанок на европските министри за надворешни работи, на кој ќе присуствува и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. На состанокот, кој ќе трае до недела, покрај шефовите на дипломатиите на Франција, Италија, Шведска, Шпанија и Естонија, ќе учествува и министерот за надворешни работи на Турција.