САД бара од арапските земји да го зголемат притисокот врз Иран

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Кина треба да биде поттикната од земјите од Заливот да поддржи нови санкции на Обединетите Нации против Иран околу неговата нуклеарна програма. Гејтс ова го кажа за време на својата посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што побара поцврста акција против Иран поради одбивањето да го стопира производството на збогатен ураниум. Во меѓувреме, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го осуди присуството на САД во регионот, предупредувајќи дека Вашингтон настојува да доминира со енергетските ресурси во регионот во име на борбата против тероризмот .