Лидерите повторно на средба за уставните измени

Лидерите на поголемите партии во Македонија по денешната средба се договорија да одржат уште една средба на која ќе ги соопшти своите ставови по предлогот на премиерот Никола Груевски за уставните измени во делот за Судскиот совет. Груевски по средбата изјави дека се отворени многу дискусии и се уште не се знае дали ќе ја има поддршката за измените од опозицијата.Тој додаде дека барањата на лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани ги разбира како потреба од менување на Рамковниот договор , што како што рече не е добро затоа што сега тој треба да се спроведува а не менува. Лидерот на опозициската партија СДСМ, Бранко Црвенковски изјави дека процедурата за измена на Уставот е сериозна работа и бара целосна претходна подготовка, и треба внимателно да се се избегне ризикот од евентуални партиски пазарења, уценувања или тензии.