Хамас го ослободи британскиот новинар

Палестинскиот Хамас денеска го ослободи британскиот новинар, Пол Мартин кој беше притворен еден месец под обвинение дека ја загрозува безбедноста на палестинската територија. Мартин изјави дека бил уапсен само затоа што работел како новинар, а ослободувањето го нарече „голема победа за слободата на говорот“. Ослободувањето на новинарот било помогнато од британските и јужноамериканските власти.