Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Грција

Меѓу полицијата и демонстрантите во Атина и Солун денеска избувнале неколку судири.Грчката полиција употребила солзавец за да разбие група од десетици демонстранти во Атина кои се однесувале насилно, пренесуваат новинските агенции. Илјадници демонстранти протестираат во Атина и Солун против владините мерки за штедење. Штрајкот го организираа двата главни синдиката во Грција. Унијата на полицајците најави дека и тие ќе демонстрираат во униформи.