Ирак се уште брои гласачки ливчиња од неделните избори

Ирачката изборна комисија денеска соопшти дека броењето на гласовите од неделните парламентарни избори се уште е во тек. Во соопштението е најавено дека во текот на денов ќе објават резулати за неколку области, односно од изброената една третина од гласачките ливчиња. Конечните резулати ќе бидат готови за неколку недели.