Силајџиќ во посета на приведениот Ганиќ

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Харис Силајџиќ престојува во Лондон каде што денеска ќе се состане со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд, а ќе го посети и Ејуп Ганиќ. Вишиот суд во Лондон денеска би требало да донесе одлука за евентуално пуштање од притвор на Ганиќ кој Србија го сомничи дека како член на тогашното босанско претседателство бил одговорен за воени злосторства. Вчера српското министерство за правосудство побара од Британија израчување на Ганиќ кој пред десет дена беше уапсен во Лондон.