Бил Гејтс веќе не е најбогат во светот

Годинешниот список на светските милијардери покажува дека светот заздравува од финансиската криза, изјави Стив Форбс, издавачот на магазинот Форбс наведувајќи дека нивниот број е 1011. Најголемо изненадување е новиот најбогат човек на светот. Со лично богатство од 53 милијарди долари тоа е Карлос Слим, могул со мобилна телефонија од Мексико кој конечно, по десет години го тргна од врвот коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс. Тој е на второ место по што следува американскиот инвеститор Ворен Бафет. Најголем број милијардери се од Азија, а повеќето доаѓаат од Кина. Најмлад меѓу богаташите е основачот на социјалната интерент мрежа Фејсбук, 25 годишниот американец Марк Цукербергер кој поседува 4 милијарди долари.