САД ќе се посвети на реконструкција на Хаити

Американскиот претседател Барак Обама вети дека САД ќе се посвети на обновување и реконструкција на разурнатиот од земјотрес Хаити. Обама по средбата со претседателот Рене Превал изјави дека ситуацијата во Хаити е се уште е поразителна. Тој додаде дека земјотресот што го погоди Хаити е еден од најголемите катастрофални несреќи што се случиле до сега. Над 230 илјади луѓе загинаа под урнатите објекти од земјотресот на 12 јануари годинава.