Пакистанскиот шеф на разузнавачката агенција доби уште една година мандат

Пакистанските власти соопштија дека на шефот на разузнавачката агенција, генерал Ахманд Шуја Паша му е продолжен мандатот за уште една година. Во соопштението е наведено дека целта на потегот на пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани е да се не се прекине интезивната борба со исламистичките милитанти. Новинските агенции јавуваат дека продолжувањето на мандатот на шефот на разузнавачката агенција е важен чекор за пакистанската и американската стратегија за соседниот Авганистан.