Штефан Филе - ЕУ не би прифатлила „нови држави“ на Балканот

Европската унија нема да прифати создавање нови држави на Балканот, изјави еврокемсарот за проширување Штефан Филе, нагласувајќи дека Брисел подготвува нов пристап за Босна и Херцеговина, чија цел е „цврсто поврзување на земјата со ЕУ“.
Во изјава за Радио Слободна Европа, Филе нагласи дека ЕУ засега не се подготвува за сценариото за поделба на БиХ, туку дека се фокусира да и помогне на земјата да ја избегне поделбата.