Грците наскоро без визи во САД

Американската влада ја вклучи Грција на списокот држави, чии граѓани веќе немаат потреба од визи за патување во САД, соопшти министерот за внатрешна безбедност на САД Џенет Наполитано.Наполитано ја нагласи подготвеноста на грчките власти да ги запазат строгите стандарди за проверка на патниците, засилување на безбедноста во воздушниот транспорт и регистрирање во соодветниот електронски систем. Наполитано прецизира дека грчките државјани ќе почнат да патуваат во САД без визи за околку 30 дена.Изјавата на Џенет Наполитано е добра вест за грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој во моментов е во посета на САД, јавија новинските агенции. Досега 35 држави, од кои повеќето се од земјите членки на Европската унија, се вклучени во програмата за безвизно патување во САД.