Корупција во Словенија- уапсен пратеник

Словенечката полиција спроведе вчера опсежна истрага над повеќе лица осомничени за неколку кривични дела, како што се злоупотреба на службената должност, изнуда, закана со оружје, давање и примање мито, односно за стопански криминал во работењето на пристаништето Копер. Во акцијата е уапсен еден пратеник во словенечкиот парламент, а на информативен разговор е повикан и министерот за земјоделство Милан Погачник.