Арсенал и Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампиони

Арсенал и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампиони во фудбал. Синоќа во реванш натпреварите од осминафиналето Арсенал го победи Порто со 5-0, а Баерн загуби на гости од Фиорентина со 3-2, но тоа му беше доволно за вкупна победа. Вечер реванш мечевите ги играат Манчестер Јунајтед- Милан и Реал Мадрид- Лион.