Иран бара од Кина да се спротивстави на притисоците од САД и ЕУ

Иран побара од Кина да даде отпор на притисокот на Соединетите Американски Држави и нејзините сојузници за новите санкции за Техеран. Вашингтон и другите Западни земји побараа од Обединетите Нации да спроведе нова рунда на санкции кон Иран поради контроверзната нуклерана програма. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека се надева оти врз Кина нема да влијаат нивните барања и дека ќе си продолжи со самостојната политика. Кина и Русија се уште дирекно не одговориле на барањата на Западните земји, но истакнаа дека има потреба од дипломски преговори за решавање на овој проблем.