Украина донесе нов закон за формирање влада

Украинскиот Парламент денеска донесе закон со кој се олеснуваат правилата за создавање на владеачка коалиција, односно пратениците поединечно може да преминуваат во други партии.Со примената на новиот закон се овозможува партијата на новоизбраниот претседател Виктор Јанукович, да формира парламентарно мнозинството. Пратениците во наредниве 30 дена треба да формираат нова коалиција и за два месеци треба да креираат нова Влада.