Израел ќе гради нуклеарна централа

Израелскиот министер за инфраструктура Узи Ландау изјави денеска во Париз дека неговата земја планира изградба на нуклеарна централа, под меѓународна контрола. На конференцијата за нуклеарна енергија во Париз, Ландау изјави дека изградбата на нуклеарен рактор за производство на електрична енергија би му овозможило на Израел поголема енергетска независност.