Карзаи побара реинтегрирање на Талибанците во општеството

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи најави денеска мировна конференцијакоја ќе се одржи на 29-ти април во Кабул. На таа конференција планирано е да се разговара за реинтеграција на Талибанците во општеството. Карзаи во присуство на американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс истакна дека мировната понуда за Талибанците ќе ги прифати сите кои го прифаќаат уставот на земјата и ќе ги отфрлат врските со Ал Каеда и останатите терористички групи.