Американските војници ќе се повлечат од Ирак според планираното

Генералот на американските трупи во Ирак, Реј Одиерно денеска во Багдад изјави дека парламентарните избори се само доказ дека американските воени единици можат да се повлечат според планираното односно до крајот на 2011 година.Тој истакна дека големата излезност на Ирачани на изборите и покрај нaсилството и бомбашките напади претставува силна поддршка за политичкиот процес. Ирачката изборна комисија соопшти дека конечните резултати од изборите ќе бидат објавени за неколку дена. Според досегашните резултати излезноста е над 50 проценти.