Џо Бајден пристигна во Израел

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска пристигна во Израел .Тој треба да се сретне со израелските и палестинските лидери за да ги рестартира преговорите меѓу Израел и Палестина, пренесуваат новинските агенции. Во меѓувреме Израел одобри изградба на 112 нови домови во еврејска населба во Западниот Брег. Палестинските преговарачи го оценија потегот како закана за и онака кревките индирекни израелско – палестински разговори. Посетата на американскиот потпретседател доаѓа по одлуката на Палестинците за почнување индиректни мировни преговори со Израелците, со посредство на Соединетите Американски Држави.