Изреал ќе гради згради во еврејска населба, Палестинците гледат закана

Израел одобри изградба на 112 нови домови во еврејска населба во Западниот Брег. Палестинските преговарачи го оценија потегот како закана за и онака кревките индирекни израелско – палестински разговори. Израел изјави дека новите згради ќе се градат поради безбедносни причини. Палестинко- изреалските разговори беа во прекин една година. По неколкуте месеци дипломатско посреднишво на Соединетите Американски Држави, главниот одбор на Палестинската ослободителната организација се согласи да учествува во индирекните преговори што би требало да траат 4 месеци за да се види дали ќе се постигне некаков напредок. Денеска во регионот треба да пристигне и американскиот потпретседател Џо Бајден.