Милошоски: Треба да се интезивира економската соработка со БиХ

Билатералните односи на Македонија и Босна и Херцеговина се добри, но треба повеќе да се интезивира економската соработа изјави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски по средбата со босанкиот колега Свен Алкалај јавува новинската агенцијаМИА.Состанокот на министерите за надворешни работи од Европската Унија што ќе се одржи во Сараево на 20-ти јуни е можност да се потенцира важноста на БиХ за стабилизација на регионот , оцени Милошоски. По средбата со босанскиот колега, Милошоски потврди дека медијаторот во македонско- грчкиот спор, Метју Нимиц во март ќе ги повика претставниците на Македонија и Грција на уште една рунда преговори.