Гејтс: претстојат тешки денови во Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска пристигна во Кабул каде што предупреди дека претстојат многу тешки денови во борбата против талибанците. И покрај успехот на офанзивата на сојузничките сили во преземањето на контролата врз провинцијата Хелманд, Гејтс изрази претпазливост со она што се уште може да се очекува од талибанските милитанти. Тој исто така го предупреди Иран, чиј претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска се очекува во Кабул, дека Соединетите држави ќе одговорат доколку Техеран се обиде да ги минира американските напори во Авганистан .