Во земјотрес во Турција, над 50 загинати

Во земјотресот што во текот на изминатата ноќ го погоди реонот на Елазиг во источна Турција, според некои новински агенции, загинале над 50 луѓе. Потресот кој бил со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала, предизвикал големи материјални штети во селата. Земјотресот бил проследен и со серија помали потреси кои предизвикале паника меѓу жителите во регионот поради што поголемиот дел од ноќта ја минале надвор од домовите.