Се очекуваат резултати од изборите во Ирак

Во Ирак денеска ќе бидат соопштени првичните резултати од парламентарните избори. Милиони гласачи излегоа на изборите да го остварат своето право и покрај бомбашките напади, во кои загинаа 36 лица. Најмногу жртви имаше во Багдад. Конечните резултати би требало да бидат соопштени во следните неколку дена, а според официјалните извештаи, големи се шансите дека повеќе политички партии ќе ја делат власта. На изборите околу 6200 кандидати се бореа за 325 места во парламентот.