Ахмадинеџад во Авганистан

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад денеска ќе престојува во еднодневна посета на Авганистан. Како што јави иранската новинска агенција Мер, Ахмадинеџад ќе се сретне со претседателот на Авганистан Хамид Карзаи. Двајцата ќе разговараат за подобрување на безбедносната состојба во Авганистан.