Германскиот министер за финансии со предлог до ЕУ за европски ММФ

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбл во интервју за германски весник изјави дека на Европа и е потребна институција слична на Меѓународниот монетарен фонт. Тој најави дека наскоро тоа ќе го предложи и во Европската Унија, затоа што така ќе можат да се избегнат економски кризи слични на грчката. Тој додаде дека една таква институција не треба да биде сфатена како конкуренција на ММФ туку како институција која исклучиво ќе се грижи за стабилизација на еврозоната. Шојбл неговиот предлог го именува како Европски монетарен фонт.