Расмусен: НАТО ќе остане во Авганистан колку што е потребно

Главниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска ги повика муслиманските земји да му помогнат на Авганистан затоа што имаат слична култура и делат исти верски вредности. Во својот говор во Аман, Расмусен го пофали Јордан кој се понуди да помогне во обучување на авганистанските безбедносни сили и додаде дека тој договор наскоро ќе биде потпишан. Шефот на НАТО изјави дека безбеднсоните сили на алијансата ќе останат во Авганистан колку што е потребно за да стане безбедна земја. Расмусен во Јордан ќе се сретне со кралот Абдулах Втори и со државниот врв.