Исламистички групи се борат меѓусебно во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека при вооружени борби меѓу Талибанци и исламистичката група Хезб-е-ислами, загинале десетици луѓе во североисточниот дел на Авганистан. Новинските агенции јавуваат дека борбите се уште траат. Во судирот Талибанците заробиле околу 50 припадници на исламистичката фракција која е втора милитантна група во Авганистан по влијание
.