Тепачка на плоштадот во Скопје

Повредено е 11-годишно момче при тепачка на група навивачи кои се враќале од стадионот „Филип 2“ и група на момчиња кои лизгале на монтажното лизгалиште на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Македонските медиуми известуваат дека групата ги нападнала момчињата со камења и метални шипки.Повреденото момче е пренесено во Градската болница.