Британскиот Премиер во Хелманд - успехот е искра на надеж.

Британскиот Премиер Гордон Браун допатува во Авганистан каде што на своите војници им порача дека успехот во Хелманд е искра на надеж за локалното население. Тој во Камп Бастион во провинцијата Хелманд изјави дека за 20 дена од операциите е острането бруталното талибанско упориште. Црвениот крст пак денеска ја осуди употребата на бомби - стапици од страна на Талибанците во регионот Марјах, во јужната провинцција Хелманд. Според Црвениот крст, целта е да се спречи враќањето на бегалците кои го напуштија регионот.