Милошоски во Кордоба се сретна со унгарскиот колега Балаш

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Кордоба, Шпанија, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, одржа билатерална средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Петар Балаш. Како што јави МИА на средбата станало збор за евро интегративните процеси во Република Македонија. Унгарија во првата половина на идната година ќе преседава со Унијата. Шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати за членство ке учествуваат на неформалниот состанок, во форма на работен ручек на кој ќе се дискутира за состојбите во Западен Балкан.