Пентагон загрижен за работата на Блеквотер - Џе во Авганистан

Пентагон соопшти дека американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс е загрижен за можни неправилности во работата на приватната безбедносна фирма, порано позната како Блеквотер во Авганистан. Гејтс вети дека ќе го разгледа ова прашање по писмото од Карл Левин, претседавачот на Комисијата на Сенатот за оружје, кој го повика Секретарот Гејтс да го преиспита договорот за доделување милијарда долари на фирмата, сега позната како Џе. Во писмо од 25 февруари е наведено дека Министерство за одбрана наводно подготвувало договор за Џе за „многу чувствителна работа“ во врска со обуката на авганистанската полиција.