На Грција не е и потребна финансиска помош

На Грција не и е неопходен план за финансиска помош. Ова денеска во Луксембург го изјави претседавачот на Советот на министрите за финансии на еврозоната Жан Клод Јункер по состанокот со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Тој оцени дека мерките на грчката влада го отвораат патот за излегување од тешката ситуација во кој се најде таа земја. Папандреу вечер во Берлин е на разговори со германскиот канцелар Ангела Меркел.