НАТО силите со нови правила за напади во Авганистан

НАТО денеска соопшти дека силите на Алијансата во Авганистан ќе можат да вршат ноќни напади само доколку е тоа неопходно и единствено ако се придружувани од авганистански војници. Се наведува дека токму ноќните напади биле една од причините зошто странските сили не биле добро прифатени од локалното население.