Белгија и Србија заеднички против лажните азиланти

Премиерите на Белгија и на Србија Ив Летерм и Мирко Цветковиќ денеска во Брисел изјавија дека двете земји ќе соработуваат за да се спречи доаѓањето лажни азиланти од Србија и Македонија во Белгија. Тие на прес конференцијата прецизираа дека биле договорени и некои практични потези. Белгискиот премиер соопшти дека за проблемот со лажните азиланти разговарал и со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и оти побарал од Комисијата да го следи проблемот.