Лидерска средба за уставните измени за судството

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на Јегуновце најави дека ќе свика лидерска средба за да ги слушне мислењата и на другите партии за владиниот предлог за уставни измени во судството. ,,Уште како опозиција јавно кажувавме дека е голем пропуст тоа што бројот на судии кои се избираат од самите судии во Судскиот совет не е поголем. Тоа негативно влијае врз работата на Судскиот совет,, изјави Груевски.