Зацврстување на соработката Македонија, Косово

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија Абдулкадар Мемеди денеска го прими новоименуваниот привремен вршител на работите на Косово во Македонија Скендер Дурмиши. На средбата Дурмиши предал писмо од Министерот за надворешни работи на Република Косово Скендер Хисени, упатено до Министерот за надворешни работи на Антонио Милошоски, а по повод одлуката на Владата на Косово за отворање Амбасада во Македонија. На средбата, меѓуд ругото, била потрвдена взаемната определба за зацврстување на билатералната соработка како и заложбата за нејзино проширување на регионално ниво.