Средба на Ромпеј со Јосиповиќ и со Цветковиќ

Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпеј, денеска во Брисел имаше одвоени средби со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со српскиот премиер Мирко Цветковиќ. Ромпеј оцени дека Хрватска во воаа година би можела да ги заврши пристапните преговори за членство во Европската Унија и нагласи дека регионалната соработка на Западниот Балкан е клучна за натамошното проширување на Унијата. Ромпеј изрази надеж дека во јуни ќе започне процесот на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Србија и оти во регионалната соработка треба да биде вклучено и Косово.