Златниот венец за бугарскиот поет Левчев

Бугарскиот поет Љубомир Левчев е добитник на Златниот венец на годинашните 49 Струшки вечери на поезијата. Ова, како што е соопштено, е едногласната одлука на Управниот одбор на фестивалот. Во образложението се наведува дека Левчев е еден од најголемите живи бугарски поети со неповторлив лирски опус. 75 годишниот Левчев е автор на 50 поетски книги.