Заседава Кинеското народно собрание

Националното Народно Собрание на Кина, односно кинескиот парламент, го почна денеска во Пекинг редовното годишно собрание. На отворањето премиерот Вен Џиабао изјави дека цел е земјата оваа година да има економски пораст од 8 проценти. Тој повтори дека Кина ќе ја продолжи политиката не стабилен курс на јуанот.