Браун ќе сведочи за Ирак

Британскиот премиер Гордон Браун денеска треба да даде докази за неговата улога во настаните кои доведоа до војната во Ирак. Браун во 2003 година беше британски министер за финансии. Тој требаше да се појави пред Анкетната комисија по општите избори кои се најавени за мај годинава, но под притисок на неговите политички ривали се согласи тоа да го стори сега. Пред истата комисија во јануари се појави и поранешниот премиер Тони Блер.