Кина очекува економски раст од 8 проценти

Кинескиот премиер Вен Јиабао во своето обраќање пред Националниот конгрес , за време на годишната сесија на парламентот, изјавил дека земјата оваа година ќе има за цел економски раст од 8 проценти . Кина, минатата година го избегна најлошото од светската економска рецесија, благодарејќи на економскиот раст од 8,7 проценти. Кинескиот Премиер изјавил дека Кина ќе го одржува стабилен курсот на јуанот.